Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка во струмичко: Млад живот згасна на македонските патишта

Синоќа нешто по полноќ околу 00.30 часот на магистралниот пат Ново Село – Смоларска крстосница, на излез од Ново Село, се случила сообраќајна незгода во која повредени биле неколку лица, а едно лице загина.

Имено сообраќајката се случила помеѓу патничко возило „форд мондео“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(24) од село Рич, струмичко, и патничко возило „мерцедес бенз“, со струмички регистарски ознаки, управувано од В.Ч.(23) од Ново Коњарево, струмичко.

Од здобиените повреди, во незгодата починал сопатникот во возилото „мерцедес бенз“, И.И.(21) од село Ново Коњарево, со тешки телесни повреди се здобиле возачот на возилото „форд мондео“, Д.Д. и сопатникот во истото возило И.С.(19) од село Рич, а В.Ч. се здобил со телесни повреди.

Повредените биле префрлени во Медицински центар Струмица за укажување на лекарска помош. Увид на местото на незгодата извршиле Јавен обвинител и екипа на Полициската станица Струмица.

Можеби ќе ве интересира

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

C +