Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

„ВМРО-ДПМНЕ заборава дека времето на МВРО одамна заврши“

-Времето на МВРО одамна заврши и не смее и нема да се дозволи контрола на партијата врз министерството за внатрешни работи, како што навикна ВМРО-ДПМНЕ за време на својот 11-годишниот режим, реагираат од СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ повторно и упорно ја манипулира јавноста со лажни вести и информации, а од друга страна кристално е јасно дека една политичка партија нема механизми за докажување на какви било злоупотреби, па ниту на злоупотреби на возила.

Една од раководните позиции, која техничкиот министер Чулев ја пополни со свој кадар е и одделот за внатрешна контрол, кој во описот на работните задачи е да утврдува неправилности.

ВМРО-ДПМНЕ без идеја и програма со лаги се обидува да собира политички поени и затоа граѓаните на 12 април ќе ја казнат опозицијата од белиот дворец.

Граѓаните не забораваат. Режим никогаш повеќе!“ – се вели во реакцијата.

Можеби ќе ве интересира

Голема акција на полицијата: Фатени 70 моторџии и возачи на тротинети

ДЕСК

Обид за убиство во Шишево: Побаран притвор за две лица

ДЕСК

АЛКОХОЛ СЛУЖЕН НА МАЛОЛЕТНИЦИ: Полицијата приведе две лица по контрола во угостителски објект

ДЕСК