24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
НАПРАВИ САМ

Без оштетувања: Исчистете ја рамната стаклена плоча на шпоретот во само 6 чекори

Чувствителната стаклена површина е склона кон гребење, посебно ако користите абразивни крпи и силни средства за чистење.

Затоа ви откриваме едноставен и брз начин како да исчистите шпорет со рамна површина:

1. Наполнете чинија со топла вода, ставете детергент – направете пена.

2. По шпоретот посипете сода бикарбона.

3. Натопете ја крпата во садот со детергент, исцедете, но внимавајте да остане влажна.

4. Влажната крпа поставете ја преку шпоретот со сода бикарбона и почекајте 15 минути.

5. Потоа со влажната крпа исчистете го шпоретот и остатокот од дамките и содата отстранете ги со сунѓер.

6. Ако имате шпорет со команди чувствителни на допир, избегнувајте ги поради сензорите.