10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Груевски: Сосема нормално беше наши членови да учествуваат на мирни протести на 27. април

Поранешниот премиер, Никола Груевски вечерва реагираше на обвинението против него за организација на 27 април и порача дека е лага дека тој или ВМРО-ДПМНЕ го организирале упадот во Собранието.

-Лага е дека сум дал инструкции на тогашниот претседател на Собранието Трајко Вељановски да го спречи изборот на нов претседател на Собранието, ниту пак мислам дека тој го направил тоа или дека воопшто можел да го направи. Лага е дека Спиро Ристовски и Миле Јанакиески имале добиено инструкција од партијата да мобилизираат членство за НАСИЛЕН упад во Собранието СО ЦЕЛ ТЕПАЊЕ на пратениците или со било каква цел. Ниту пак мислам дека го правеле тоа. Лага е дека имам било каква поврзаност со наводни активности на УБК поврзани со инцидентите на 27 април.
Тогашните МИРНИ протести организирани од граѓанската иницијатива нам како партија ни одговараа бидејќи имавме иста позиција во врска со Тиранската платформа.
Но, нагласувам: МИРНИ протести. И сосема нормално било нашите членови да учествуваат на такви МИРНИ протести, повикани или неповикани од било кој.
Но, во никој случај ниту на ВМРО-ДПМНЕ, ниту мене лично како тогашен нејзин претседател, а убеден сум ниту на организаторите од граѓанското движење, или обвинетите, не ни одговарало ниту ни паднало на памет насилен упад во Собранието или тепање на пратеници.

Партијата никогаш немала таква одлука за насилен влез во парламентот и тепање пратеници, ниту пак актите на партијата дозволуваат таква одлука. Јас лично не сум дал било каква инструкција било кому а во правец на насилен упад и тепање пратеници.
Ниту на денот на настанот или претходниот ден кога бев на службен пат во Виена, ниту претходно, било кому сум издал инструкција дека треба да се организира насилен влез во парламентот и тепање пратеници, тврди Груевски.

https://www.facebook.com/NGruevski/posts/10158029697737716

 

Спонзорирано: