Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Детали за пукањето во Прилеп: Убиени мајка и ќерка, повредени уште двајца

Јавен обвинител во координација со екипи на крим-техника од Минситерството за внатрешни работи, изврши увид во куќа на улица Александар Македонски во Прилеп каде утринава во 8 часот беа пронајдени две безживотни тела.

Безживотните тела на 41- годишната А.П година и нејзината мајка, 64- годишната Т.К имале прострелни рани. Во нив пукал сега осомничениот, 50-годишниот поранешен сопруг и зет на починатите. Со две прострелни рани се здобило и уште едно лице, брат и син на оштетените, кое било во просторијата. Во обидот да биде совладан, повреден е и осомничениот. Повредениот оштетен и осомничениот се пренесени во прилепската болница каде им се укажува медицинска помош.

Во насока на расчистување на кривично правниот настан , по наредба на јавниот обвинител подигнати се и обезбедени траги од лице место.

Издадена е наредба за обдукција над починатите. Обезбедените траги од лице место ќе бидат предмет на вештачење.

Јавниот обвинител издаде и Наредба за претрес во домот на осомничениот прилепчанец кој, според сознанијата на обвинителството, поради претходно нарушени брачни односи не живеел во заедница со неговата сега почината сопруга.

Можеби ќе ве интересира

Трагедија: Почина 24 годишен скопјанец – дошол да спие кај другарот, но не се разбудил, а јавен обвинител нареди обдукција

ДЕСК

Избила тепачка меѓу две возрасни жени во Скопје – полицијата најави документирање на случајот

ДЕСК

Со тротинет прегазила скопјанка и побегнала

ДЕСК