23.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Трипуновски шири ноторни лаги за земјоделецот Екрем за политички цели кои се демантирани од МЗШВ, времето на злоупотреби на земјоделците заврши со заминување на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција

– Трипуновски со денешната изјава потврдува дека е дел од пропагандната матрица базирана на лаги на режимската политика на Никола Груевски. Кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада се остатоци на криминалниот режим и исклучиво блиски соработници на Груевски. Во недостиг на аргументи и факти, денес Цветан Трипуновски повторно шири лаги поврзани со земјоделецот Екрем Јаји од скопско Брњарци, реагираат од СДСМ на прес конференцијата на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство јавно го демантираше Трипуновски и преку официјален демант, информира, дека за овој случај министерството во рамки на своите надлежности има постапено по барањето на земјоделецот.

Целокупната документација е доставена до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој каде е утврдено дека земјоделецот има пријавено несоодветен број на овошни садници во однос на големината на катастарските парцели.

Од овие причини е побарано дополнителен инспекциски надзор од Државниот инспекторат за земјоделство.

Исто така констатирано е дека странката има и узурпирано државно пасиште кое граничи со катастарските парцели за коишто бара исплата на обесштетување, а на кое има посадено соодветен број на овошни садници. За ова на странката и е извршена постапка за едукација за сторен прекршок.

За ВМРО-ДПМНЕ и Трипуновски е нормално да се искористуваат земјоделци за политички цели без притоа да се понудат аргументи, наместо тоа се користат ноторни лаги и измислици.

Криминалната матрица и лагите и манипулациите нема да ја прикријат неспособноста на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада.

Граѓаните, особено земјоделците се сеќаваат како 11 години беа малтретирани и игнорирани од страна од ВМРО-ДПМНЕ, а остатоците од режимот sе се уште присутни во кадрите на опозицијата во предната влада.

Затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ наместо да шират лаги, нека се подготват да се соочат со вистината, со одлуката на граѓаните на 12 април да порачаат – режим никогаш повеќе.“ – се вели во реакцијата на СДСМ.