Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Просечната цена на откупен килограм тутун е 222,5 денари

– Мерките и политиките што ги спроведува СДСМ во земјоделството ја подигнаа откупната цена на тутунот на највисоко ниво во последните шест години. Просечната откупна цена за килограм тутун од реколтата 2019-та изнесува 222,5 денари за килограм и е речиси два пати повисока во однос на 2014 година кога беше 118 денари, соопшти денеска СДСМ.

„За стимулирање на квалитетот со новиот модел на зголемени субвенции тутунопроизводителите се мотивирани да произведуваат квалитетен тутун и да постигнат повисока откупна цена. Субвенциите за прва класа тутун изнесуваат 80 денари за килограм, 70 денари за втора класа и 60 денари за трета и за дополнителните класи.

Досега се откупени 20 милиони килограми тутун, однсно 80 отсто од планираниот откуп. Вредноста на откупениот тутун изнесува скоро 4,3 милијарди денари, од кои на тутунопроизводителите веќе им се исплатени 4,1 милијарди.

Со новиот закон за тутун од оваа година се укинуваат евидентните листови, со што значително се олеснуваат административните процедури за тутунопроизводителите, кои ќе ги склучуваат договорите директно со откупните претпријатија.

Мерките на СДСМ за унапредување на производството на тутун и навремената и неселективна исплата на субвенциите, дополнително го јакнат интересот на земјоделците за производство на квалитетен тутун.

На прав пат сме и на тој пат продолжуваме и по победата на 12 април.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

РОДИТЕЛИТЕ ИМ ГО ПРЕПИШАЛЕ СТАНОТ НА ДЕЦАТА – Што ако еден ден им кажат дека повеќе немаат право да живеат таму?

ДЕСК

ЦИКЛОН ЈА ЗАФАЌА МАКЕДОНИЈА – Следуваат обилни дождови, локално над 60 литри на квадратен метар

ДЕСК

Црна Гора со поддршка за македонските евроинтеграции – „Проширувањето мора да биде според заслугите“

ДЕСК