23.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Познат идентитетот на скопјанецот кој синоќа загина во тешка сообраќајка

Вчера попладне автомобил удрил во велосипедист по што од здобиените повреди тој починал на лице место.

Според пријавеното вчера во 17 часот и 35 минути на улица„Ацо Шопов“ во Скопје, патничко возило „фолксваген пасат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А.(46) од село Сарај, удрило во велосипедистот П.В.(63) од село Волково.

Од здобиените повреди велосипедистот починал на местото на незгодата.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Скопје.