Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

„Обвинението потврди, ВМРО-ДПМНЕ стои зад упадот во Собранието и насилствата од 27 април“

-Одлуката на Кривичниот суд да одобри обвинение против Трајко Вељановски, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и Владимир Атанасов за организирање на насилството од 27 април е потврда дека ВМРО-ДПМНЕ стои зад упадот во Собранието, соопшти денеска СДСМ.

„За да ја спречат промената на власта и за да ги заштитат криминалците во своите редови, ВМРО-ДПМНЕ огранизираше упад со кој беше нападнат уставниот ппредок но и беше извршен обид за убиство на пратеници, новинари и вработени во Собранието.

27 април е вистинското лице на режимот, вистинското лице на насилничката криминална матрица на ВМРО-ДПМНЕ , кое што продолжува и во лицето и делото на Христијан Мицковски.

Христијан Мицкоски не само што не се огради од насилниците, туку тој и неговата ВМРО-ДПМНЕ до ден денес ги поддржуваат насилниците.

27 април е најцрниот датум во историјата на нашата демократија и одговорност за тој случај мора да има. Низ отворена, законска судска постапка мора да бидат санкционирани сите кои го организирале, нарачале и спровеле насилството од 27 април.

Со продолжување на политиките на Груевски, Мицкоски покажува дека во ВМРО-ДПМНЕ се уште е присутна насилничката, режимска матрица и дека освен насилство, освен одбрана на криминалот, ВМРО-ДПМНЕ не нуди ништо друго.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски можат да се подготват за пораз. Граѓаните нема да дозволат враќање на режимот, враќање на насилството и поделбите и на 12 април ќе порачаат режим никогаш повеќе!“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Напишал статус со говор на омраза на социјална мрежа, полицијата му затропа на врата

ДЕСК

Власта ја елиминираше Ристовска за да стави обвинител под контрола на Мицкоски, вели Кузеска

ДЕСК

Андоновски: Ќе потпишеме договор за прифаќање на електронските потписи меѓу Македонија и Црна Гора

ДЕСК