14. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Кадрите во преодната влада се истите од режимот Груевски

Секојдневно се потврдува дека кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во преодната влада се остатоци на криминалниот режим на Никола Груевски, порачаа во соопштение од СДСМ, додавајќи дека таков е случајот и со тимот на дополнителната заменичка министерка за финансии, Гордана Димитриеска Кочовска.

„Кочовска во својот кабинет ги ангажирала Благоја Ташаминов и Мишо Николов. Благоја Ташаминов е човек на Никола Груевски и Ѓорге Иванов. Ташаминов во време на најкриминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ бил претседател на Комисијата за јавни набавки, но и близок соработник на Зоран Ставревски. Мишо Николов јавноста многу добро го памети по тоа што беше директор на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. Додека Николов директоруваше во ЈСП беа набавувани кинеските автобуси. Додека Николов раководеше со сообраќајното претпијатие, се возеа стари и нееколошки автобуси, а ЈСП градеше панорамско тркало за да ги исполни желбите на Груевски“, стои во партиското соопштение во кое се додава дека со ваква понуда на кадри Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе доживеат убедлив пораз на предвремените избори.

Можеби ќе ве интересира

Пронајдено починато машко лице на ридот над германските гробишта во Битола

ДЕСК

Исчезнаа две деца во Скопје – едно на 13 годишна, друго на 16 годишна возраст

ДЕСК

СДСМ: Судир на интереси во ОИК Зелениково со цела фамилија на кандидатот за градоначалник на ДПМНЕ, ДИК да ги разреши

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.