8.8 C
Скопје
19. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЉУБОВ И СЕКС

Синдромот на скршено срце навистина постои

Емотивните трауми може да имаат многу негативен ефект на срцето, а може да ни наштетат и физички, заклучиле научниците, кои ваквата појава стручно ја нарекле, стрескардиопатија, или синдром на скршено срце.

Јапонската медицина знае за овој синдром, и го има одобрено многу одамна, но современата медицина го прифати неодамна.

Всушност и порано се знаело дека трауматичните случаи, како што се природните катастрофи и смртта на саканата личност имаат негативно влијание на срцето и може да предизвикаат срцев удар. Ваквата приврзаност најчесто се припишувала на психолошкиот шок. Но, според најновите истражувања, се покажало дека интензивниот емотивен стрес, може да биде одговорен и за големите физиолошки промени на телото.

Во екстремни ситуации доаѓа до зголемено лачење на адреналинот, кој поради прекумерната количина предизвикува токсични реакции кај срцето, и практично го запира работењето на срцевиот мускул.

Синдромот на скршено срце, не е исто што срцев удар. Иако, симптомите се исти, по синдромот на скршеното срце, луѓето може да се опорават, што не е секогаш случај со пациентите кои доживеале инфаркт.

Битно е да се направи ваквата разлика, бидејќи доколку лекарите, на пациентите кои имаат синдром на скршено срце им препишат лекови за срцев удар, може да дојде и до смрт кај човекот.

Дури 95 насто од лицата заболени од синдром на скршено срце се жени, и тоа најчесто во поодминати години, иако има и 12-годишни девојчиња кај кои е забележан ваков случај.

Најчести причини за појава на синдромот на скршено срце се губење на партнерот, родител, или дете, но имало и лица кои биле сосема здрави, и без претходна историја на болести поврзани со срцето.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Три знаци ќе се заљубат: Овој го чека СУДБОНОСНА ЉУБОВ

M T

Засекогаш несреќни во љубовта: Овие 3 хороскопски знаци остануваат без партнер, а не е виновен ретроградниот Меркур

M T

ПИЈАН И ИЗЈАВИ ЉУБОВ – Беше кум на свадбата, па ја украде невестата

M T

Љубов до крајот на животот: Тие се најсилниот хороскопски пар

M T

Четири хороскопски знаци ќе се сретнат со љубовта на својот живот до крајот на јули: Другите имаат криза во врските

M T

Немаат среќа во љубовта: Овие хороскопски знаци имаат НАЈНЕУСПЕШНИ врски

M T