Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

На 12 април граѓаните ќе порачаат-режим никогаш повеќе и ќе потврдат дека сакаат развој и европска иднина со СДСМ

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нудат обнова на режим, криминал, деструкции, изолација, неизвесност, сиромаштија и граѓаните тоа јасно го гледаат, порачаа од СДСМ.

– Опозицијата е заглавена во режимската матрица, ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ. Дури и на верски настан Мицкоски се заканува со враќање назад во темното минато, поништување на Договорот од Преспа, уништување на НАТО и ЕУ перспективите и враќање во изолација и режим.

Мицкоски нека се спреми за пораз затоа што граѓаните не сакаат враќање назад, режим никогаш повеќе!

На 12 април граѓаните ќе порачаат-режим никогаш повеќе и ќе потврдат дека сакаат развој и европска иднина со СДСМ

На 12 април, граѓаните ќе одберат да продолжи напредокот со СДСМ, да продолжи враќањето на парите кај граѓаните, повисоки плати, пензии, подобри услови, пониски трошоци и извесна европска иднина.

Режим, никогаш повеќе Мицкоски, велат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка

C +

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

C +

Мицкоски: Владата проактивно работи на реновирање на туристички сместувачки капацитети, очекувам 2026 година да имаме раст на бројот на туристи

C +