Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Русковска за ТВ21: Јовановски ниту нешто кажа, ниту пак нешто понуди

Обвинителката Вилма Русковска за ТВ21 вели дека првообвинетиот во двата случаи „Рекет“, ниту нешто кажал, ниту пак нешто понудил за време на последните искази.

Јовановски последно во обвинителството да даде исказ беше на 20 и 23 декември, а на последното рочиште одржано вчера рече дека добивал закани за физичка ликвидација.

Во судницата праша, на кој му смета да се дознае целата вистина за случајот „Рекет“, додаде дека тој се чувствува како политички затвореник, пишува ТВ21.

Претходно други медиуми објавија дека Јовановски барал да биде заштитен сведок, но бил одбиен од страна на обвинителството.

Засега останува енигма што мислеше Јовановски кога порача дека се чувствува како политички затвореник.

Можеби ќе ве интересира

Трендафилов побара мерки против пратеничката Дафина Стојановска оти ги објави неговите деца и за утре најави блокада на газдите

C +

Забраната на социјалните мрежи за најмладите во Македонија би била радикален чекор, рече министерот Андоновски во Прилеп

C +

СДСМ: Кампањата против предметите на СЈО е дел од операција за враќање на Груевски

C +