10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Од утре Македонија во жолта алертна фаза – температури до -15

Од утре Македонија влегува во жолта алертна фаза, температурите ќе се спуштат до -15 степени. Под влијание на студена воздушна маса утре времето ќе биде претежно облачно со засилен северен ветер и со повремени врнежи од снег.

Врнежите ќе бидат со слаб, а во западните делови на места со умерен интензитет. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно и студено, а во понеделник ќе дува засилен северен ветер.

Времето во понеделник (06.01.2020) ќе биде облачно и студено со умерен до засилен северен ветер. Во раните утрински часови локално ќе провејува слаб снег.

Минималната температура ќе се движи од -6 до 2 степени. Максималната температура ќе биде од -2 до 5 степени.

Вторник (07.01.2020) се очекува да биде сончево и студено со слаб до умерен северозападен ветер.

Минималната температура ќе се движи од – 10 до 0 степени, додека пак максималната температура од 1 до 8 степени.

Во среда (08.01.2020) не очекува постудено време. Минималната температура од -12 до -4 степени. Максималната температура од 2 до 9 степени.

Од утре Македонија во жолта алертна фаза – температури до -15

Спонзорирано: