17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Најавена изградба на 4 нови градинки во вредност од 134 милиони денари

Потпишани се четири нови договори за изградба и проширување на градинки во општините Карпош, Валандово, Арачиново и Пробиштип во вкупна вредност од речиси 134 милиони денари и вкупен капацитет од нови 315 места, најавува СДСМ.

Од партијата велат дека целта е само со поддршката од Светска банка до јуни 2024 година да се обезбедат 7.500 нови места во градинките.

„Со последните 4 договори се инвестира во вкупно 13 градинки низ цела држава, а некои општини за прв пат добиваат објекти за згрижување и воспитание на децата. Во текот на изминатата година преку истата компонента за којашто се обезбедени вкупно 15 милиони евра беа потпишани договори за изградба на градинки во Кочани, Неготино, Кисела Вода и Кавадарци, Ѓорче Петров, Струмица, Крива Паланка, Боговиње и Ресен.

За оваа година од Буџетот на државата се издвоени 105 милиони денари за реконструкција, опремување и изградба на детски градини, а изминатите две и пол години беа инвестирани над 180 милиони денари.Вкупно досега изградени се 43 нови објекти за градинки.

Покрај зголемувањето на капацитетите на градинките истовремено се работи на подобрување на воспитните програми и на јакнење на кадарот којшто се грижи и ги воспитува децата. Само во последната година платите на вработените во градинките се зголемени за 21% што е најголемо покачување до сега.

СДСМ како одговорна партија сериозно се залага за подобра грижа и воспитание на децата бидејќи тоа е инвестиција на нашите идни генерации кои се иднината на нашата држава“, велат од СДСМ преку соопштение.