28. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Рудник САСА обезбеди новогодишен бонус за вработените, пакетчиња за сите деца, како и пакети за социјално ранливите категории граѓани

Рудникот САСА и оваа година обезбеди новогодишни подароци за различни групи на граѓани од општината Македонска Каменица и за сите свои вработени. Покрај редовните настани што ги организира рудникот САСА во текот на целата година, на настаните во пресрет на новогодишните празници се обиде на социјално ранливите категории на граѓани да им овозможи да ја почувствуваат топлината и радоста, a најмалите да им овозможи дополнително да ја почувствуваат празничната магија вообичаени за овој период од годината.

Имено, компанијата обезбеди новогодишни пакетчиња за сите деца од предучилишна и училишна возраст на територијата на општина Македонска Каменица. Пакетчиња добија и сите лица со посебни потреби во локалната заедница. За лицата и семејствата од социјално ранливите категории Рудник САСА обезбеди и подели специјални пакети со прехранбени продукти  и продукти за домаќинство за да можат и тие да го почувствуваат духот на новогодишните празници.

Исто така, покрај останатите традиционални новогодишни активности за сите вработените во Рудник САСА, компанијата и оваа година, покрај редовната плата, изврши исплата на новогодишна награда за 2019 година на сите вработени кои покажаа голема трудољубивост, енергија и посветеност во работата и со тоа придонесоа за успешните резултати на компанијата.

На новогодишната ноќ, претставници на менаџерскиот тим на Рудник САСА ги посетија членовите на дежурните тимови на брзата помош, противпожарната единица и полицијата, како и вработените во рудникот кои беа на работните места, на кои им ја честитаа Новата Година и им предадоа пригодни подароци.

Новогодишните празници се период на дарување и затоа ние во Рудник САСА сме особено среќни доколку со пакетите, подароците и пакетчиња успеавме да придонесе сите кои се дел од оваа заедница да ја почувствуваат топлината и радоста што ги носат овие празници. Рудник САСА отсекогаш бил неделив дел од оваа заедница и така ќе остане и во иднина“, изјави генералниот директор на Рудник САСА, Олег Телној.

 

Можеби ќе ве интересира

Курсна листа за 28.08.2025

ДЕСК

Септемвриското покачување на пензиите: 1.000 денари за сите – дали ќе значи подобар живот?

ДЕСК

Кочоска: Македонија е единствена земја која не е членка на Европската унија, a потпиша Меморандум за соработка за развој на пазарите на капитал заедно со уште седум земји членки на ЕУ

ДЕСК