13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Антонио Пејоски направи рок преработка на големиот хит на Амадеус Бенд

Младиот талентиран пејач Антонио Пејоски подготви оригинално празнично рок изненадување за своите обожаватели.

Имено, Антонио и својот бенд успеаја да направат одлична преработка со рок аранжман на големиот хит „Само драга доѓи куќи“ од Амадеус Бенд, а истата веќе одлично е прифатена од домашната јавност.

– Мило ми е што преработката веќе е одлично прифатена и има солиден број на прегледи на Јутјуб. Следно на што работиме со мојот бенд е наша авторска песна која планираме да ја објавиме на почетокот на пролетта, вели Антонио Пејоски.

Снимањето и комплетната обработка на звукот е дело на самиот Пејоски, додека видеото се снимаше во режија на Борче Димоски и Digital Box на летната сцена „Сиеста“ во склоп на Домот на културата во Струга.

Како потсетување, Антонио Пејоски и својот бенд настапуваат ширум целата територија на Македонија, но нивните обожаватели често можат да уживаат во нивната музика и во Косово и во Грција.

Спонзорирано: