Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Заев: Јас имам принципи, не може било кој да биде кандидат, предложен за во техничка влада од опозицијата

Одговор на новинарско прашање, Зоран Заев, претседател на СДСМ – интегрален текст

Прашање: Значи и Вие ќе ги прифатите предлозите на ВМРО-ДПМНЕ?

Одговор: Јас имам принципи и критериуми за предлози, водејќи се пред се од правната држава и принципи досега поставени од Социјалдемократскиот сојуз и секако нема да ги соопштам јавно. Утре ќе ги поставам на маса и верувам дека и најголемата опозициона партија ќе води грижа токму за тие принципи, заради тоа што не е само Министерот за внатрешни работи и туку Оливер Спасовски и Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и тој треба на крајот да даде предлог и не е се исто каков предлог како овластен предлагач давате. Заради тоа што кога давате предлог застанувате зад него. Веројатно тие знаат како е најдобро за нив како најдобро ќе ја извршат улогата, но секако не значи дека секој еден може да биде кандидат за министер или за дополнителен заменик министер.

Можеби ќе ве интересира

Одлична можност за младите македонски граѓани кои сакаат да стапат во служба на Армијата, објавен е новиот Јавен оглас за прием на 300 професионални војници

ДЕСК

Мицкоски: Инвестицијата во далекуводот Битола-Елбасан значи спасен проект од сигурно пропаѓање

ДЕСК

Претседателот на Собранието Африм Гаши и Народниот правобранител Фатон Сељами потпишаа Меморандум за соработка

ДЕСК