Во Германија веќе неколку години има голема потреба од работници од различни професии, особено занаетчии. Претседателот на германското здружение на занаетчии, Ханс Питер Волсејфер рече дека има огромна потреба од занаетчии и мајстори во сите делови на Германија.
Тој вели дека се потребни мајстори во скоро сите сектори – од градежништво, санитарни инсталации и монтери, па до вреботени во градежништвото, телекомуникациски техничари, месари и експерти во прехранбениот сектор.
Волсејфер тврди дека многу работилници веќе одбиваат да завршат профитабилни работни обврски, затоа што немаат доволно квалификувани работници.Тој проценува дека во моментов во Германија недостасуваат околу 30 000 мајстори во голем број сектори, истакнувајќи дека има големи очекувања од новиот Закон за вработување на професионални работници од земји надвор од Европската Унија, кој стапува на сила на почетокот на март 2020 година.