Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Вработен во казино парите за добивки ги просвојувал за себе

СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.Ц.(38) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“. Пријавениот, вработен како домаќин на клуб во две казина во Куманово, во текот на 2019 година во повеќе наврати од вработените во клубот побарал пари од сефот, при што од вкупно доверени 1.200.000 денари, депозит за исплата на добивки, присвоил за себе сума од 679.500 денари. Наведените парични средства до 07.10.2019, кога била извршена контрола, не ги вратил во клубовите.

Можеби ќе ве интересира

Инцидент како на филм во Македонија: Го пресретнале додека возел и му го блокирале патот, па потоа вооружени лица излеглe и му го демолиралe возилото

ДЕСК

46 годишна жена нападната од 38 годишна скопјанка – причината банална: недоразбирање во сообраќајот

ДЕСК

Тежок инцидент пред угостителски објект во Скопје: Рането 16 годишно дете

ДЕСК