24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тунџев: Дури 83 отсто од буџетот за 2020 за транспорт и врски е наменет за капитални инвестиции, продолжуваме на прав пат

Прес конференција, Борис Тунџев, член на Комисија за транспорт и врски на СДСМ – интегрален текст

Во нашата држава се гради како никогаш досега, буквално секаде, во секој град и рурално населено место.

Реформите на СДСМ на полето на инфраструктурата се на прав пат и носат вистински придобивки за граѓаните, ги решаваат нивните сушштински проблеми.

Со новиот буџет кој е проектиран на 5 милијарди 810 милиони денари, 83 отсто од него односно 4 милијарди 819 милиони денари се расходи наменети директно за реализација на капиталните проекти.

2,6 милијарди денари се одвојуваат за железници, 446 милиони денари за комунална инфраструктура преку Европска инвестициона банка, 248 милиони денари за водоводи, 247 милиони денари за проекти за локални патишта и 104 милиони денари за нови авиолинии.

Во тек е проектот за изградба и санација на улици во општините вреден 70 милиони евра.

Тендерските постапки се во подготовка и се очекува во почетокот на градежната сезона да се отпочне и со физичка реализација на терен

Буџетот за 2020 година, во делот на транспорт и врски, предвидува историски најголеми вложувања во изградба и рехабилитација на патишта и изградба на патна инфраструктура, гасоводна мрежа и реализација на крупни проекти во Железницата.

Официјалните податоци се доказ дека се гради како никогаш досега.

Додека ВМРО-ДПМНЕ инвестираа во барокни фасади и споменици, СДСМ преку Владата која ја предводи, инвестира во нови патишта, канализации и водоводи, железници и многу други капитални инвестиции кои се од суштинско значење за развојот на нашата држава.