Со СДСМ платите растат побрзо. Само за последниве 2 години и 5 месеци просечната нето плата е зголемена за 2.837 денари. Според податоците од Државниот завод за статистика, просечната плата во октомври годинава изнесува 25.726 денари. Тоа е зголемување од 3,7 отсто или за над 900 денари повеќе од истиот месец лани кога таа изнесувала 24.817 денари. За споредба ВМРО-ДПМНЕ за 2 години и 5 месеци, од декември 2014-та до мај 2017-та година успеа да ја зголеми просечната плата за само 482 денари. Во времето на криминалниот режим парите одеа единствено кон џебовите на фамилијата, се расфрлаа за споменици, лажен барок и жални врби. Затоа просечната плата, речиси и не растеше. Затоа минималната плата со години беше замрзната на 9.000 денари. Сега со одговорниот пристап на СДСМ парите завршуваат назад кај граѓаните, соопшти денеска СДСМ.
-Веќе од овој месец, минималната плата ја покачуваме на 14.500 денари, што е зголемување за 5.500 денари или над 60 отсто, споредено со владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Ова се огромни, значајни покачувања на минималната и просечната плата. Но не застануваме тука, продолжуваме да ги покачуваме платите во сите сектори. 92.000 граѓани добиваат поголеми плати преку мерката за субвенционирање на придонесите од задолжителното социјално осигурување за оние компании кои ќе ги покачат платите на своите вработени до 6.000 денари. Веќе од јануари и февруари, ги покачуваме платите во здравството и образованиeто. Тоа ќе поттикне дополнителен раст на просечната плата. На прав пат сме! – се вели во соопштението.