Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ЕСМ: Tенденциозно е тврдењето дека се врши масовна партизација на РЕК Битола

Огласот за вработување објавен на 14 декември годинава е логична последица на потребата за обновување на човечкиот потенцијал со кој располага РЕК Битола ако се знае дека во текот на 2019 на 208 работници им престанал работниот однос по различни основи, велат од АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) како реакција на обвинувањата за партиски вработувања упатени од ВМРО-ДПМНЕ.

„Некоректно и тенденциозно е тврдењето дека се врши масовна партизација на РЕК Битола во услови кога се работи за едноставно пополнување на работни позиции од кои зависи производствениот процес и кога огласот беше јавен и транспарентен, согласно законските прописи“, велат од ЕСМ.

Од таму бараат од политичките партии да се однесуваат одговорно кон најголемиот производител на електрична енергија во земјата и кога се зборува за Енергетската стратегија за периодот 2020 – 2040 година.

„Хипотетичките сценарија за развој на енергетскиот сектор во Република Северна Македонија недозволиво е да се претворат во ‘приказни за плашење на мали деца’“, се наведува во реакцијата.

Можеби ќе ве интересира

Инцидент како на филм во Македонија: Го пресретнале додека возел и му го блокирале патот, па потоа вооружени лица излеглe и му го демолиралe возилото

ДЕСК

46 годишна жена нападната од 38 годишна скопјанка – причината банална: недоразбирање во сообраќајот

ДЕСК

Тежок инцидент пред угостителски објект во Скопје: Рането 16 годишно дете

ДЕСК