25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Адвокатите на Јанева и Јовановски: Сведочењата на бизнисмените не можат да помогнат во „Рекет“

Адвокатите на Катица Јанева и Бојан Јовановски по судењето за „Рекет” рекоа дека сведоците не можат да помогнат во постапката, а имаа замерки и на начинот на кој биле испрашувани.

“Имавме прилика да слушнеме сведочења за она што не е предмет на обвинение. Тие немаат допирна точка со обвинението. Имаме замерки за начинот на испитување, зошто сведокот раскажува, а не одговара конкретно“, рече адвокатот Дељо Кадиев, бранител на Катица Јанева.

На исти став е Сашо Дуковски кој е бранител на Бојан Јовановски. Тој смета дека исказите не можат да бидат предмет на доказ во постапката.

“Ништо не кажаа што би можело да помогне. Едниот сведок наведе што слушнал од другиот сведок, а тоа не може да биде доказ во една кривична постапка. Не ми е јасно зошто беше викнат третиот сведок кој наведе дека имал професонален однос со Јовановски. Тој платил реклама и истата била платена според ценовникот. Понекогаш е добро што Обвинителството ја врши работата на одбраната”, рече Дуковски.