25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Калеска – Ванчева: 24 декември е вистинското, насилничко лице на ВМРО-ДПМНЕ, режим – никогаш повеќе!

Прес конференција, Снежана Калеска – Ванчева, пратеничка на СДСМ – интегрален текст

Пред седум години на овој ден јавноста беше сведок на насилничкото лице на режимот.

24 декември е еден од најцрните датуми во нашата демократија.

На 24 декември 2012 ВМРО-ДПМНЕ раководена од Никола Груевски насилно ги избрка прво новинарите од собраниската галерија, а потоа на насилнички подмолен начин ги исфрли пратениците од тогашната опозиција од СДСМ.

24 декември е вистинското лице на режимот, вистинското лице на насилничката криминална матрица на ВМРО-ДПМНЕ. Таквата матрица кулминираше на 27 април со крвавиот четврток и насилниот упад во Собранието, кога беше извршен обид за убистрво на пратенции, новинари и вработени во Собранието.

Денес, ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ, партијата се уште е раководена од Будимпешта и осудениот криминалец во бегство Никола Груевски, а Христијан Мицкоски е само негов портпарол.

Денес, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи против интересите на граѓаните и државата.

Со секој нов ден, деструктивното однесување на ВМРО-ДПМНЕ станува се поизразено.

ВМРО-ДПМНЕ беше против законот за Јавно обвинителство, против законот за Јавно обвинителска служба, претходно беа против можноста да се преземат законите од СЈО.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Ѓорчев го кочат донесувањето на законските измени за зголемување на пензиите за повеќе од 700 денари месечно, на над 320.000 пензионери.

Беа и против покачувањето на минималната плата и решавањето на статусот на дополнителен број стечајци.

ВМРО-ДПМНЕ во Собрание гласаше против зголемување на платата на лекарите и платата на сите здравствени работници.

Гласаа против третото зголемување на платите на наставниците, негувателки и воспитувачки.

ВМРО-ДППМНЕ беше против субвенции за вработените во приватниот сектор да земаат поголема плата.

Поднесоа 970 амандмани на дополнителниот предлог за Академијата за судии и јавни обвинители.

Ја кочат демократијата. Видовте што направија со амандманите само за да спречат една изборна единица и отворени листи.

Не го поддржуваат ниту Законот за одбрана, една од нашите обврски во однос на НАТО членството и усогласувањето со НАТО стандардите.

Видовме дека се против Законот за висока раководна служба.

ВМРО ДПМНЕ е против деполитизацијата и професионализацијата на јавниот сектор.

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски кочат и блокираат сѐ што значи враќање пари кај граѓаните, се што значи напредок и развој.

Тие блокираат се што не е по планот на Груевски.

Блокади, кочења, опструкции, тоа е понудата на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието.

Ниту една мерка, ниту една идеја како да се подобри животот на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ значи нестабилност, ризик и враќање на режимот.

Затоа граѓаните ќе ги казнат нивните деструктивни политики и на 12 април гласно ќе порачаат: Режим – никогаш повеќе.