24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Николовски: За само 2.5 години имаме нови 54.000 вработени и рекорден пад на невработеноста на 17,1 отсто,

На гостувањето во емисијата на ТВ Телма Топ Тема , генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски истакна дека за само 2.5 години, преку водењето на успешните економски политики се отворија нови, 54.000 работни места, од кои повеќе од 40.000 во реалниот сектор.

Николовски посочи дека имаме рекорден пад на невработеноста на 17.1 отсто иако за 2019, почетната проекција за невработеноста беше 20,1 отсто, но мерките кои ги презеде Владата резултираа со уште пониска стапка на невработеност која изнесува 17,5 отсто веќе во втор квартал од 2019.

Тој истакна дека очекувањата за 2020 се уште побрзо да опаѓа стапката на невработеност, и да се симне на нов историски минимум, можеби и пониско од 16 отсто и уште позначајно, раст на процентот на вработеност до 48%. Тоа ни го најавува и процентот на вработеност во вториот квартал за оваа година, и тој изнесува 47,1 отсто, заклучи Николовски.