23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Николовски на „Топ тема“: Со домаќинско работење обезбедивме повеќе пари за граѓаните, пониски трошоци и поголема социјална помош

Денес фактите и податоците покажуваат дека на секој начин се повеќе пари завршуваат кај граѓаните, порача вечерва генералниот секретар Љупчо Николовски на дебатната емисја „Топ тема“.

Уште на почетокот ја покажавме заложбата за враќање повеќе пари кај граѓаните. Ја укинавме радиодифузната такса намалена е цената за парното, намалени се трошоците за нотари и извршители, казните ги преполовивме. Го решивме проблемот на стечајците, денес 12.000 стечајци добиваат месечен додаток од 8.200 денари, преку Младинската гаранција опфатеи беа 18.000 млади. Денес, 27.000 семејства добиваат зголемена социјална помош, а над 4.000 граѓани добиваат социјална пензија. Сето тоа се мерки што се во интерес на граѓаните за кои имаме полно право да зборуваме,истакна Николовски.

Тоа е можно, додаде Николовски затоа што веќе не се трошат пари на непродуктивни трошоци, министрите не ги злоупотребуваат служебните картички, како министрите на ВМРО-ДПМНЕ, нашиот однос е чесен.