Centar.mk
МОЗАИК

Какви подароци сакаат децата за Божик?

Едно истражување во Англија покажало дека децата на возраст од пет до единаесет години од своите родители за Нова година побарале некој електронски уред.

Дури 78 проценти од децата опфатени во истражувањето пројавиле желба како подарок да добијат електронски уред.

Од друга страна, 46 проценти од родителите сметаат дека овие уреди се премногу скапи, 29 проценти од нив сметаат дека нивните деца се премногу мали за ваков подарок, а 18 проценти од испитаниците рекле дека сакаат детето повеќе да се израдува на некој традиционален подарок.

Преку половина од родителите на крајот признале дека веројатно ќе попуштат пред детските желби, додека 31% рекле дека тажниот израз на лицето на детето е причина поради која би се смилувале и би им ја исполниле желбата.

M.A.

Можеби ќе ве интересира

Научниците предупредуваат: Утринското кафе го нарушува сонот

C +

2 ЈУНИ НОСИ ПРОМЕНИ ВО РАСПОЛОЖЕНИЕТО: Проверете што ве очекува во љубовта, работата и парите

ДЕСК

Туркије може да се истражува и на велосипед: Внимателно избрани рути за секој велосипедист

ДЕСК