Centar.mk
ЛОКАЛНО

Град Скопје со покана до граѓаните: Дојдете на плоштад да ја направиме најголемата елка од луѓе

Плоштадот „Македонија“ утре во 13 часот ќе биде местото каде што скопјани ќе се обидат да постават нов Гинисов рекорд за најголема новогодишна елка во светот направена од луѓе. Градот Скопје ги поканува сите заинтересирани да дојдат на плоштадот и да се придружат на овој интересен потфат.

Формирањето новогодишна елка од луѓе е дел од програмата на „Винтерленд“. На настанот ќе настапат Бени Шаќири и „Нон стоп“.

Во моментов, најголемата елка од луѓе според Гинис е направена во Индија, во 2015 година, со 4.030 учесници.

Можеби ќе ве интересира

Важна вест за скопјани: Посебен режим на сообраќај во недела

ДЕСК

Бесплатни стоматолошки прегледи за децата и пензионерите во општина Центар

C +

Перински: Воспоставена база на експерти за стручна поддршка на општините, повикот повторно отворен за аплицирање

ДЕСК