23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Вкупно 92.000 вработени добиваат повисоки плати преку мерката за субвенционирање на придонесите за здравство и социјала

-Социјалдемократскиот сојуз на Македонија продолжува со вистинска грижа за сите граѓани. Потврда за тоа се економски мерки и политики со кои се обезбедуваат повеќе пари во секое семејство. Во таа насока е и мерката за субвенционирање на придонесите за здравствено и социјално осигурување, наменета за сите оние работодавачи кои ќе им ги зголемат платите на своите вработени од 600 до 6.000 денари. За оваа мерка, субвенции од државата досега побарале вкупно 8.000 фирми, а повисоки плати ќе добиваат околу 45.000 вработени. При тоа оваа бројка ќе биде зголемена за уште 1.300 работодавачи или 47.000 вработени, кои по надминувањето на техничките пречки ,ќе се приклучат на оваа бројка, соопшти денеска СДСМ.

„Вклучително со нив, вкупната бројка на работници кои ќе добиваат поголеми плати изнесува 92.000.

За субвенционирање на придонесите за месеците октомври и ноември, се издвоени 58 милиони денари,сума која фирмите треба да ја добијат за да може да исплатат поголеми плати.

Ова е само една од мерките за економски развој, која има за цел и задржување на вработените во земјата, но и сузбивање на сивата економија односно намалување на трендот на примање плата на рака.

Отворање на нови работни места, порастот на минималната плата, порастот на просечната плата, зголемувањето на платите во јавниот сектор, порастот на извозот и индустриското производство, зголемени странски инвестиции и отворање на нови фабрики се реалност и потврда на успешноста на оваа Влада.

СДСМ продолжува со реализација на мерките кои обезбедуваат економски раст и развој, повеќе пари кај граѓаните и подобар животен стандард за сите.“ – се вели во соопштението.