На личностите родени во овие три хороскопски знаци им е прилично тешко да искажат љубов, пишува Cosmopolitan. Тие не умеат многу добро со зборови, а тешки се и за изразување на чувствата.
За кои хороскопски знаци станува збор?
Стрелец
Стрелците се личности кои не сакаат да се врзат ниту за место ниту за човек. Тие ретко се вистински вљубени и тешко им е да замислат дека животот ќе го минат само со една личност. Љубов најчесто изразуваат единствено на членовите од семејството.
Близнаци
Исто како и Стрелците, Близнаците не сакаат да се врзат за некого, не се многу романтични па изразувањето љубов не им лежи многу. Тие се за минливи авантури и луди забави, па дури и кога ќе ви кажат дека ве сакаат, тоа веројатно не го мислат во целост.
Водолија
Не се авантуристи како Стрелците и Близнаците, но внимателно бираат за кого ќе се врзат. Чекаат да мине одреден тест период во кој ќе заклучат дали таа личност е соодветна за нив или не е.
Водолиите не се лесни ни на дело ни на зборови, сè што прават е многу добро промислено и испланирано.
Извор: Кајгана