23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев: Прочистување во правосудството ќе прават институциите, тоа не е ветинг

П Премиерот Зоран Заев вели дека процесот на прочистување во правосудството не е ветинг, укажувајќи дека тоа се две различни постапки.

„Поимот ветинг не треба да го употребуваме, бидејќи посебно во регионот симболизира една поразлична постапка што се спроведе во соседството, во Албанија, што претходно беше на меѓународни комисии. Ние сме во понапредни фази со реформските закони, пред се во правосудството, имаме сериозни алатки каде што самите институции може да влезат и да го направат прочистувањето“, рече денеска Заев појаснувајќи го вчерашниот негов повик за проверка на имотот на судиите и обвинителите и нивните роднини, што беше протолкуван како ветинг.

Тој објасни дека такви алатки има вградено во законите за судски совет, за судовите, за антикорупциската комисија, со кои процесот на прочистување може да се спроведе во тој дел.

Вториот вид прочистување може да се спроведе преку механизмите на ЕК што им ги нуди на земјите кандидати за случаи од високи профили на корупција и криминал, преку посебен мониторинг.

„И третиот дел, согласно законите, Управата за јавни приходи има целосна надлежност да прави проверка на имотот, на парите на политичарот, на судијата, на обвинителот, на газда, на компанија, на кој било во државата, и исто така целосно да направат проверка на потеклото на парите и имотот и на семејството. Очекувам од извршните органи, УЈП, заедно со Централниот регистар, со Централниот депозитар, со Катастарот што ги вади имотните листови, да ја завршат оваа работа и нема што да се чека да завршат избори“, рече Заев.

Спонзорирано: