15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСТЕХНОЛОГИЈА

Молскавично брзо воспоставување на повици, подобар квалитет на разговори: Македонски Телеком воведе VoLTE услуга, која ќе им се допадне на сите корисници

Со услугата VoLTE (Voice over LTE) Вашите повици се воспоставуваат преку 4G (LTE) мрежата.

LTE технологијата овозможува многу големи брзини за пренос на податоци, но досега не се користеше за мобилни разговори – смартфоните автоматски се префрлуваа на 3G мрежата. Со VoLTE услугата, мобилните разговори во мрежата на Телеком се остваруваат преку LTE, со што добивате:

Молскавична брзина на воспоставување повик – ако со 3G мрежата воспоставувањето повик траеше околу 6 секунди, со VoLTE се потребни само 2 до 3 секунди!

Подобар квалитет на звукот, поширок спектар на звуци и намалена заднинска бучава. Со VoLTE соговорникот се слуша јасно, а комуникацијата се одвива брзо и лесно.

Разговарајте додека сурфате на најбрзата 4G мрежа! Отсега, можете да пребарувате на интернeт додека зборувате на телефон без намалување на брзината од 4G во 3G.

VoLTE услугата е достапна без надомест и не влијае на цените на разговорите во Вашата претплата. Единствениот предуслов за нејзино користење е смартфон што ја поддржува оваа технологија со ажуриран софтвер.

Во мрежата на Телеком, имплементацијата на VoLTE се одвива во етапи. Samsung S9 и Samsung S9+ се први модели на смартфони што постапно ќе добиваат пристап до VoLTE технологијата во наредните два месеца, а потоа технологијата ќе се прошири и на други производители и модели на телефони.

Спонзорирано: