Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за ексамбасадорот кој репетираше пушка: Го знам од детството, но ќе предложам негово разрешување

На следната седница на Извршниот Комитет, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе предложи разрешување на ексамбасадорот, Томислав Димитровски, кој е дел од неговиот кабинет, поради настанот неделава кога Димитровски репетирал пушка кон негов сосед.

Запрашан за ова, Мицкоски денеска рече дека не бил тука кога се случил тој настан, но ги следел случувањата во медиумите.

„Томислав не е мој стратешки соработник, тој е дел од кабинетот, од луѓето во мојот кабинет и одговорен е за релации со земјите од Балканот. Слушнав за настанот, разговарав и со него и она кое што можам да го кажам е дека на следната седница на Извршниот Комитет ќе предложам негово разрешување, бидејќи таков тип на однесување, веќе во неколку наврати кажав, е недозволено по било која цена“, рече Мицкоски.

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ вели дека правдата не треба ние да ја земаме во свои раце, бидејќи има органи во државата кои што треба да го направат тоа.

„Доколку некој се чувствува нападнат, навреден комотно може да се јави и да побара заштита од Министерството за внатрешни работи. Така што, и покрај тоа што станува за човек кој што го познавам од детството, човек кој што навистина има квалитети, и човечки но и дипломатски, но, ова кое што се случило е без никакво оправдување и веќе на следната седница на Извршниот Комитет, ќе побарам од Извршниот Комитет негово разрешување од таму каде што се наоѓа во моментов“, додаде Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +