3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Годината која ја најавуваа за економска е најтешката и најсиромашната за живот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на неговата денешна преконференција кажа дека економската политика е катастрофална и дека државата оди во погрешен правец. Според Мицкоски, годината која ја најавува Власта како економска, е впрочем најтешката и најсиромашната за живот.

„Минималниот раст кој го имаме сега е заради производството на гасната централа ТЕ-ТО, за која имаме многу донеречености како го реализира своето работење. Но она што е аларматно е падот во преработувачката индустрија, која има негативна вредност. Ниту просечната плата, која требаше да биде 30.000 денари е постигната. Ако се спореди првиот квартал во 2018 година, кога разликата во трговската размена извоз-увоз е нешто над 350 милиони евра со првиот квартал од 2019 година ќе забележите дека отприлика таа е иста, но показателот дека економијата оди во погрешна насока се гледа во вториот квартал, кој споредбено 2018 со 2019 година има разлика во извоз со увоз е зголемена за цели 12.4% во корист на увозот. Како поминува времето со СДСМ на власт, така расте разликата помеѓу извозот и увозот, имено во третиот квартал оваа разлика изнесува 34%. Со што извозот има за 34% помала вредност во однос на увозот споредбено 2018 со 2019 година“, вели Мицкоски.

Во однос на даночната политика Мицкоски зборуваше за пиши-бриши политиката, кога се зголемуваат, па повторно се намалуваат даноците.

„Политика која ја бранеа редица поранешни министри за финансии од СДСМ, кои беа пуштени низ вода од Зоран Заев со изговор дека е погрешен чекор, а кое беше единствено ветување од нивната економска програма кое го реализираа“, вели Мицкоски.

Најголемата лага, според Мицкоски, е ветувањето дека данокот на добивка ќе го за ИТ индустријата ќе го намалат за 5 проценти.

„Наспроти ветувањата за повластувања за ИТ компаниите, сега имаме одлив на фирми од земјата во странство, кои бегаат од Македонија и формираат свои претставништва во соседните земји, што се гледа преку податокот кој укажува дека додадента вредност во ИТ секторот во вториот квартал од 2019 е намалена за 4.7 отсто“, вели првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски го искоментира и буџетот за идната година кој е за 7 проценти поголем од буџетот за оваа година, а кој вели дека не може да биде исполнет затоа што до крајот на година ќе фалат пари.

Според него, катастрофална е и наплатата на данокот на добивка.

„Во период јануари – ноември имаме за цели 23.7 проценти помал од планираниот, односно за 20 отсто од тој кој бил собран во 2018 година“, вели Мицкоски.

Надежта не смее да се губи, вели Мицкоски, бидејќи најдобрите денови за Македонија и македонската економија допрва доаѓаат, а тие доаѓаат со програмата за обнова на Македонија, во која ќе има предвидено оданочување соодветно на потребите на стопанството и повеќе капитални инвестиции. За сето тоа да се реализира ќе има бескомпромисна борба со корупцијата и криминалот.