Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Шекеринска – Шидер: По успехот во НАТО, Северна Македонија очекува вреднување на сработеното и од ЕУ

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска денеска во Брисел се сретна со Андреас Шидер, копретседавач на Заедничкиот парламентарен комитет на Северна Македонија и ЕУ.

Како што соопштија од Министерството за одбрана, на средбата Шекеринска ги истакнала приоритетите на нашата земја во следниот период поврзани со односите со Унијата и ставот кон новата методологија за преговори и проширување што ја препорачуваат некои од земјите членки.

„Владата останува посветена на реформскиот процес кој ги опфаќа владеењето на правото, судскиот систем, унапредувањето на демократијата”, рекла Шекеринска.

Министерката додала дека по успехот со НАТО граѓаните на нашата земја ја продолжуваат поддршката за членство во ЕУ.

„Уверени сме дека отворањето на преговорите со Унијата ќе биде силно охрабрување за земјата и за регионот и ќе придонесе кон негово натамошно стабилизирање. Ќе прифатиме секакви фер услови кои ќе произлезат од договорите за идната методологија, но очекуваме нашите напори да бидат вреднувани”, истакнала министерката.

Шидер рекол дека напредокот на Северна Македонија е евидентен и дека земјата заслужува позитивен став и доследност од страна на Унијата.

Тој најавил дека Заедничкиот парламентарен комитет ќе ја интензивира својата работа и веќе идната седмица ќе се состане во Стразбур. Шидер ја истакнал поддршката од Заедничкиот парламентарен комитет и рекол дека односите ќе продолжат во истиот дух на разбирање и соработка.

Можеби ќе ве интересира

Студени утра, но топли денови: Температурите од – 3 до 20 степени, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Филипче со конкретни мерки: Намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, на акцизата за 4 денари и 0% ДДВ за храната

ДЕСК

Муцунски: Безбедноста на македонските граѓани е наш апсолутен приоритет – евакуацијата од Блискиот Исток се реализира успешно

ДЕСК