Centar.mk
SHOWBIZИЗБОР

“Кога зборот станува мелодија тогаш знакот станува танц” е мотото на новиот видео спот на “DS Collective” за темата “Свет” која е во соработка со Alex V

“Кога зборот станува мелодија тогаш знакот станува танц” е мотото на новиот видео спот на “DS Collective” за темата “Свет” која е во соработка со Alex V.

“Кореографијата во видеото впрочем е инспирирана од знаковниот јазик преку која сакавме накратко да влеземе во кожите на оние кои “слушаат со очите”. Барем на момент да почувствуваме дека зборовите за ушите се истото она што и знаците за очите” – велат од DS Collective

” Во процесот на креирање тргнавме многу спонтано, сакавме да дадеме некоја друга друга тежина на видеото, да пренесеме порака, а сепак да биде различно од она што сме го работеле и претходно. Кога се одлучивме да биде видео со танц, тогаш зошто да не излеземе од комфорт зоната, се обидовме и ние да научиме по нешто, текстот на песната го преточивме во знаковен јазик, а потоа во танц, сметаме дека е важно да ја пренесеме емоцијата што пошироко, уметноста сепак нема граници” – вели Стефан Сајковски – DS Collective

Кореографијата e дело на Јована Зајкова која ја има и главната улога во видеото додека целокупната видео реализација е дело на Бобан Костоваки и The Media (помогнато од Томислав Живковиќ) Имено, Стефан пред неколку месеци го промовираше својот деби албум со 13 песни под насловот “Јас сум,ние сме”, а темата “Свет” е дел од истиот. Албумот е достапен на сите онлајн платформи Јутуб, Спотифај, Дизер и др.

Можеби ќе ве интересира

Големо телевизиско враќање: Димитар Атанасовски со ново шоу  на Телма – „Нека биде наше“

ДЕСК

ХОРОСКОП ЗА 8 НОЕМВРИ: ПАРИ ЗА ЕДЕН ЗНАК, ЉУБОВНО ИЗНЕНАДУВАЊЕ ЗА ДРУГ – Неделата носи одлуки што долго се одложувале

ДЕСК

ДВЕ РАСПРОДАДЕНИ ВЕЧЕРИ, ЕДНА ЗАЕДНИЧКА ПОРАКА: Екотип и Дарко Рундек, „Хаустор“ и екипа за бистрите извори

ДЕСК