18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Утре без вода ќе останат дел од корисниците на Аеродром

Поради технички зафат, утре, 11 декември, без вода од 9 часот до завршување на интервенцијата, ќе останат дел од корисниците од булеварот АСНОМ во општина Аеродром.

Од „ЕВН Македонија“, пак, известуваат дека поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без електрична енергија ќе останат од 8.30 до 15 часот корисниците од село Глумово, село Шишево и село Матка во општина Сарај, од 9 до 12 часот корисниците од улицата 10 во село Долно Соње во општина Сопиште, од 9 до 15 часот корисниците од улиците бр. 19 и бр. 25 во село Волково во општина Ѓорче Петров и од 10 до 12 часот корисниците од село Студеничани и село Морани во општина Студеничани.