Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Што финансирале фирмите на Орце и дали долгот од 400.000 евра е поврзан со рекет во самата ВМРО ДПМНЕ?

Факт е дека ВМРО-ДПМНЕ има неподмирен долг од 400 илјади евра за претседателската кампања на Гордана Силјановска и затворена сметка од која долгот не може да се наплати, обвини СДСМ.

„Тоа е класично кршење на член 71 од Изборниот законик каде е наведено дека сите трошоци за кампањата треба се покријат исклучиво од средствата на сметката за кампања.

Истрагата за оваа афера треба да даде одговор на сите прашања како и на тоа кој треба да понесе одговорност за овој скандал.

Дали долгот има врска со рекет во самата ВМРО ДПМНЕ?

Што финансирале фирми на Орце Камчев, осомничен во неколку предмети на СЈО за кампањата на ВМРО ДПМНЕ и Силјановска?

Овие одговори треба да ги даде истрагата, која ќе објасни повеќе за врските меѓу одредени бизнис интереси и политичката партија која се уште е раководена од Будимпешта“ се наведува во партиското соопштение.

Можеби ќе ве интересира

ЗУЛУМ ВРЗ СЕДУМДЕСЕТГОДИШНИК: Четворица осомничени за разбојништво во Струмица

ДЕСК

Николоски:  Преку 350 милиони евра Владата инвестира во инфраструктурни проекти во општините, дополнително преку Светска банка инвестираме 25 милиони евра во изградба и рехабилитација на преку 100 километри локални улици низ општините

ДЕСК

СДСМ утре ја промовира „Скопска иницијатива“ на меѓународна конференција

ДЕСК