24.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Нема пасош за Орце Камчев – Судот одби да му даде можност да ја напушта државата

Судија на претходна постапка по предлог на Јордан Камчев ги одби неговите барање за укинување на мерките за претпазливост и за враќање на патната исправа.

„Ценејќи го мислењето и сите факти и аргументи во предлогот судијата денес донесе решение со кое на осомниченото лице Ј.К. од Скопје, за укинување на мерката на претпазливост – привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање, определена со решение на Апелациониот суд Скопје од 27.12.2018 година, со предлог за определување гаранција со востановување на заложно право – хипотека над недвижен имот е одбиен како неоснован. Против ова решение странките имаат право на жалба до Кривичниот совет на овој суд во рок од три дена по приемот на решението”, информираат од судот.