Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ацо Кабранов со потресно и морбидно сведоштво: Кој му се јавувал со измутиран глас? Како знаел дека оди да пријави во полиција?

Фејсбукс статус на Ацо Кабранов, новинар и уредник, кој доживувал вистински хорор:

Утрово неколку новинари ми се јавија да ми пренесат дека Камчев во сведочењето посочил дека Боки и Сергеј со мутирани гласови ми се јавувале и ми се заканувале. Во интерес на вистината неколку месеци имав такви јавувањња од непознат човек кој се претсавуваше дека е од некакво истражно биро од Канада, ми го издиктира матичниот број и адреса и ми рече дека сум жртва на сајбер криминал. Јавувањата траеја неколку месеци и преку ден и во ноќните часови и секогаш беа како да ме бара Боки од неговиот број. Истото у се случуваше и на Боки како јас да го барам. Многу пати телефонот на Боки стоеше пред него на маса, а мене ми звонеше мојот телефон и се појавуваше неговиот број и секогаш истиот човек со истата приказна. Јас единствено се вознемирив што го знае мојот матичен број и мојата сметка во банка, плашејќи се да не ме задолжи некој. Пријавив во банката каде што имам сметка, а потоа и во МВР. Таму кај директорот на БЈБ бев со Боки бидејќи и него му се случуваше исто.

Признавам се вознемирив кога одејќи по скалите кон канцеларијата на директорот на БЈБ ми заѕвони телефонот и пак тој господинот со опеман дека не е добро што пријавувам во полиција. Директорот на сајбер криминал во МВР не сослуша и рече дека ќе провери и ќе се јави. Утредента ме извести дека од мобилните оператори добил инфо дека постоеле некакви апликации кои се купувале ефтино чина рече од Србија и така малтретирале луѓе и дека се немоќните да заштитат од тоа. Јавувањата продолжија со истата приказна и дека е спремен да дојде да ми пренел информации за што се работи. Секогаш го одбивав грубо дури и му се дерев да престане да малтретира. Јавувањата продолжија и по притворањето на Боки, последен пат пред 10-тина дена. Сега сум тотална збунка, не ми е јасно како стасало инфото и до сведокот Камчев. Не сум бил цел на закани, но бев вознемирен да не биде злоупотребена мојата банкарска смета и некој да ме задолжи па да морам да враќам.

Сега ми е јасно дека се било фарса, од кој незнам, но бил како алиса во земјата на чудата, тоа е вистината.

Поврзана вест
Камчев: Боки 13 и Сергеј ноќе му се заканувале на Кабранов со мутирани гласови

Можеби ќе ве интересира

Претседателот Гаши на средба со претставници на ДИК

ДЕСК

Ако ги направиме уставните измени ќе бидеме најдобри, ќе бидеме шампиони па ќе добиеме ново вето – порача Мицкоски

ДЕСК

Годишна конференција за здравство: „Моќта на навремената акција за здравствен систем што испорачува“

ДЕСК