Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Утревечер ќе светне новогодишната елка на плоштадот Македонија

Новогодишната елка што е поставена на плоштадот Македонија ќе светне утревечер во 19:30 часот, а ќе почне со работа и новогодишниот базар „Винтерленд 2020“, соопшти Град Скопје. Со тоа, како што велат од Градот, во Скопје и официјално ќе почне празнувањето во пресрет на највеселиот ден во годината, а граѓаните ќе имаат можност да ја почувствуваат новогодишната магија и да уживаат во најразновидна забавна програма.

Новогодишните куќички на „Винтерленд“ се сместени на новиот плочник меѓу ГТЦ и плоштадот, а новогодишната програма ќе трае 25 дена – од отворањето на базарот, па сè до 31 декември, до дочекот на Новата 2020 година. Во близина на куќичките ќе биде сместена и мала сцена на која секојдневно ќе се организираат настани кои ќе го привлечат интересот на сите граѓани, без разлика на возраста. На овој простор ќе има и катчиња за детски игри, како и разновидни содржини од новогодишен карактер.

Во работните денови секој ден ќе има 2 часа детска програма која ќе почнува околу 16 часот, а подоцна ќе има 3 часа програма за возрасни. За време на викендите е планирана целодневна програма која ќе почнува точно напладне.

Градот Скопје ги поканува граѓаните утревечер да дојдат на плоштадот Македонија од 17:30 часот да ја проследат детската новогодишна програма, а потоа, во 19:30 часот да присуствуваат на осветлувањето на новогодишната елка. Сите заедно да уживаме во културно-забавните содржини кои ќе ги збогатат деновите до најлудата ноќ.

Можеби ќе ве интересира

Власта да покаже конструктивност заради работниците, да го поддржи Законот за 600 евра плата, велат од СДСМ

C +

СДСМ е за целосна интеграција во ЕУ, БРИКС и изолација не се опција

C +

(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски

C +