22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Локвенец: Груевски планирал од државата да направи даночен рај за перење пари

ВМРО-ДПМНЕ и офшор криминалецот Никола Груевски имале намера од државата да направат даночен рај за перење пари на белосветски измамници. Еден од нив го запознавме во ликот и делото на Субрата Рој, изјави на прес-конференција Хари Локвенец, пратеник на СДСМ.

„Последните информации објавени во медиумите уште еднаш го покажуваат односот на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски кон економијата и граѓаните. Објавените документи покажуваат дека криминалните желби и апетити на Груевски оделе до таму што тој сакал целата држава да ја направи голема пералница на нелегално стекнати пари. Но, за среќа, заедно со граѓаните успеавме да го спречиме. Од држава атрактивна за даночни затајувачи и измамници станавме држава атрактивна за вистински и сериозни странски инвестиции. Ги спречивме Груевски и ВМРО-ДПМНЕ да направат огромен офшор криминал, а наместо тоа, ја внесовме државата во НАТО и ја забрзавме интеграцијата во ЕУ“, рече Локвенец.

Тој додаде дека понудата на ВМРО-ДПМНЕ е офшор криминал, богатење на малкумина и расипничко трошење на парите на граѓаните, додека СДСМ обезбедува раст на платите, нови работни места и повеќе пари кај граѓаните.