Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Заев се сретна со премиерите Трудо, Санчез и канцеларката Меркел

-Во рамки на Состанокот на лидерите на земјите членки на НАТО во Лондон, имав средби и разговарав со премиерот на Канада, Џастин Трудо, премиерот на Шпанија, Педро Санчез и канцеларката на Германија, Ангела Меркел, напиша Заев на Фејсбук.

-Наскоро стануваме сојузници со овие пријателски земји, а тие изразуваат целосна поддршка и признание за историските исчекори кои ги направи нашата земја и уверување дека нивната поддршка за македонските граѓани ќе продолжи и ќе се зајакне во иднина, порача премиерот Зоран Заев.