Секогаш во средиштето на збиднувањата...

ЦРН ПЕТОК: Колку се реални попустите во продавниците – поевтинета само застарена роба, новите артикли и натаму со високи цени

Деновиве социјалните мрежи се преполни со реклами од познати македонски компании кои решија да се вклучат во големиот празник на купувањето познат како “Црн Петок”.

Додека црниот петок во САД е вистинска атракција, а граѓаните можат да пазаруваат по несекојдневни цени, кај нас црниот петок како маркетиншки трик почна уште од пред една недела.

Голем број на компании поставија натписи со намалување на цените кои важат цела недела, но дали е тоа така?

Многумина утрово се изненадија кога слушнаа дека попустите важат само на одреден дел на артикли, а голем број од компаниите го користат изразот намалување до -50 проценти или намалување до -70 проценти, но доколку подобро се погледне производ со толку намалена цена тешко ќе најдете, иако сте тргнеле на шопинг каде што се нуди -70 посто попуст.

Попустите најчесто се од 10-20 отсто за нови артикли, кои ионака се нудат со клуб-попустите и купоните кои што редовно се делат кон корисниците, или 20-30 отсто за застарена роба која ионака не би ја купиле. Секоја чест на исклучоците, но при нашето разгледување на 20-тина познати компании, големо реално намалување не најдовме ниту кај оние што продаваат облека, ниту пак оние кои продаваат технологија.

Реални попусти само кај услугите
Реални и по-опипливи попусти се забележани само кај компаниите кои што нудат услуги, пример храна, масажа, фитнес или пак онлајн услуги.

Збунувачки реклами
Компаниите кои продаваат технологија, но и оние кои продаваат облека нудат збунувачки реклами.

Пример на насловните страници на нивните онлајн сајтови се појавуваат големи билборд банери со попусти од 40-50 или 60 отсто, но доколку се упатите во делот на онлајн нарачки попустите воопшто не се вкалкулирани. Одредени компании овие попусти ги нудат само во своите продажни салони, па така граѓаните кои веќе пазарувале преку интернет кога ја виделе рекламата се изиграни и нема да го добијат Blackfriday попустот, бидејќи за тоа ќе мора да се упатат во најблискиот продажен салон, а таму артиклите кои се достапни онлајн ги нема.

Во тренд…