Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Царовска од Пробиштип: Невозможното за ВМРО-ДПМНЕ со СДСМ е реалност, ги покачивме минималната и просечната плата, парите се враќаат назад кај граѓаните

За неполни две и пол години покажавме што значи економските реформи да се на прав пат. Уште во првите три месеци ја покачивме минималната плата на 12.000 денари за сите дејности, без притоа никој да биде дискриминиран. Со последното усогласување минималната плата се покачува на 14.500 денари со што минималната плата е порасната за 60 проценти, истакна потпретседателката на СДСМ, Мила Царовска на граѓанската трибина на СДСМ „На прав пат“ во Пробиштип.

Царовска потенцираше дека покрај минималната плата, расте и просечната плата за над 2.000 денари, со што се зголемуваат семејните буџети на најголем број семејства во нашата држава.

Законите кои ги носиме се доказ дека се грижиме за граѓаните. Го донесовме и Законот за субвенционирање на придонесите за сите компании кои ќе ги покачат платите на вработените до 100 евра. Ги мотивираме работодавците да ги мотивираат вработените, да градиме конкурентна и развојна економија,продолжуваме да инвестираме во човечкиот капитал, заклучи Царовска.

Можеби ќе ве интересира

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

C +