Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Шекеринска во Пробиштип: Ќе бараме и мониторинг на важни предмети, но и одговорност, судиите и обвинителите се обврзани да делат правда, никој нема да биде над законот

Ќе бараме одговорност од судиите и обвинителите, кои ја злоупотребиле функцијата и нема да дозволиме никој да суди или да амнестира партиски. Законот ги обврзува да делат правда, а не оправдување, истакна заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска во Пробиштип.

Нема да отстапиме од битката да има правда за сите, затоа што ако нема правда нема да има мир и напредок. Затоа ќе бараме и мониторинг од ЕУ за сите важни предмети, ама ќе бараме и одговорност од оние кои преку злоупотреби на поранешните моќници повторно им дале имунитет. И тоа е правиот пат во државата, никој па ни власта да не е над законот, порача Шекеринска.

Можеби ќе ве интересира

Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма од новоименуваната амбасадорка на Република Естонија, Јана Ванамолдер

ДЕСК

„ОВА ЌЕ БИДЕ ТЕШКА ЗИМА И ЗА МАКЕДОНИЈА“ – Мицкоски со предупредување од Берлин по средбата со европските лидери

ДЕСК

МИЦКОСКИ НА СОСТАНОК СО ГЕРМАНСКИОТ КАНЦЕЛАР МЕРЦ – Македонија ја потврди поддршката за праведен и траен мир во Украина

ДЕСК