23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Костадинов: Мицкоски да одговори, дали спротивно на Законот за судир на интереси, бил избран како асистент кај татко му?

-Уште еден ден без одговори од Христијан Мицкоски за неговите лаги за лажните магистратура и докторат, наводно стекнати во Италија и Германија. Секој ден го повикувавме Мицкоски да каже зошто ги лажеше и нашите граѓани, но и премиерот на соседна Бугарија, за тоа каде магистрирал и докторирал, изјави на денешната прес конференција, Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

Костадинов на Мицкоски му постави уште неколку прашања:

“Христијан Мицкоски, дали спротивно на законот за судир на интереси, користејќи ја позицијата на татко ти, и преку негов притисок врз целиот наставно научен совет на Машинскиот факултет, без никаква солидна академска подготовка, си избран како асистент на твојот татко?

Христијан, одговори им на граѓаните, зошто како рецензент на твоите трудови се јавува твојот татко? Дали беше малку што те направи асистент, па мораше и на трудовите да ти се потпишува како рецензент?

Мицкоски излажа за Договорот со Бугарија, излажа за магистратура и докторат во Германија и Италија, па еве прилика, нека се охрабри и нека каже како успеал да стане асистент на Машинскиот факултет во Скопје?“ – праша Костадинов.

-Мицкоски е најлошиот асистент на Машинскиот факултет. Мицкоски е најлошиот директор на ЕСМ. Мицкоски е најлошиот лидер на опозицијата. Неговата кариера ниту е професионална, ниту е академска, ниту е политичка. Неговата кариера е измамничка и манипулативна. Впрочем, каква може да биде кариерата на човек чиј ментор е Никола Груевски? – рече Костадинов.

Спонзорирано: