Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Град Скопје одвои три милиони денари помош за настраданите во земјотресот во Албанија

Советот на Град Скопје на денешната седница едногласно ја донесе одлуката за давање помош на настраданите од катастрофалниот земјотрес во Република Албанија. Со оваа одлука како израз на солидарност за настраданите Град Скопје дава помош во износ од 3 милиони денари.

„Во рамките на нашите технички можности уште во текот на вчерашниот ден Град Скопје упати две екипи, кои се во Драч. Едната екипа е составена од 4 пожарникари, а втората екипа е составена од технички лица што управуваат со термалните дронови и со термалните камери. Оваа одлука е во износ кој традиционално го доделува Град Скопје во вакви случаи, а тоа е 3 милиони денари“, рече градоначалникот Шилегов на седницата.

Можеби ќе ве интересира

Кузеска: Мицкоски со владин авион на море – работниците на протест со празни џебови

C +

Филипче: Протерување на младите умови, предлог-Законот ги деградира младите кадри

C +

Поплави во повеќе региони во земјава – евакуирани 220 лица во Кичево, критично во Форино, поплавени куќи, ниви, подруми

C +