Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Заев на трибина во Гостивар: Со чесни политики обезбедивме да има пари за сите, за 300% ја зголемивме социјаната помош

Во изминатите две години покажавме дека со чесни политики, со штедење, со правилна алокација на средствата, има пари за сите и тука нема да застанеме, туку ќе продолжиме да враќаме пари кај граѓаните, порача претседателот Зоран Заев во Гостивар.

-За 300 отсто ја зголемивме социјалната помош кон најсиромашните. Доделивме социјална пензија, 12.000 стечајни работници добиваат по 8.000 денари надоместок до пензионирање. Со укинувањето на радиодифузната такса граѓаните годишно штедат по 12 милиони евра. 11,4 милиони евра штедат годишно граѓаните само со воведувањето на дневната евтина тарифа на струјата. Пред две години ЕСМ, должеше 2 милиони евра, а сега на сметката има 87 милиони евра, а притоа ја имаме најевтината цена на електрична енергија во Европа која што ќе ја задржиме и понатаму. И тоа е враќање на парите назад кај граѓаните, тоа е исполнување на нашиот концепт. Тоа се вистински политики насочени кон граѓаните, посочи Заев.

Ќе продолжиме и понатаму, затоа што сме определени на трајни основи кои носат резултат за државата, порача претседателот Заев додавајќи дека преку мерката Мој ДДВ зголемена е наплатата на ДДВ а од неа дел ќе се вратат директно на сметките на граѓаните, а дел ќе се искористат за изградба на нови градинки, училишта, водоводи, за патишта и за мерки важни за граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: СДСМ направи историска капитулација со Бугарија, само мекотели политичари кои клечат на колена како Филипче изјавуваат дека ние сме ја провоцирале Бугарија

ДЕСК

Мицкоски: На следните избори останува техничката влада, предложеното законско решение е за техничката влада за изборите потоа, стравот на Филипче е дека и тие избори ќе ги изгубат

ДЕСК

СИНОПТИЧАРИТЕ СО НОВИ НАЈАВИ ЗА ВРЕМЕТО – Метеоролозите објавија четиридневна прогноза за времето

ДЕСК